29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBCG: Норвешка најдобра, Македонија е на дното!

BCG: Норвешка најдобра, Македонија е на дното!

siroma3

Консултантската компанија за глобален менаџмент „The Boston Consulting Group“ (BCG) во својот извештај за „одржливиот квалитет на животот“ ја рангираше Република Македонија на последно место во Европа.

„BCG“ го мери „одржливиот квалитет на животот“ на една земја врз основа на 44 различни индикатори, а БДП-то по жител е само еден од нив. Индикаторите, меѓу другото, ги мерат стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата, слободата на печатот и многу други.

Според рангирањето, Македонија има најниска оценка, 42,9, а веднаш пред неа се Црна Гора со 43,3 и Молдавија со 44,5. Следуваат Босна и Херцеговина со 48,5, па Украина со 49,1 и Албанија со 50.

Најубаво се живее во Норвешка (100), потоа следи Холандија (95), Финска (94,9) и Германија (93,6).

Од другите на Балканот најдобро котира Словенија со 63,4, а по неа се Грција (62,6), Србија (53,7), Хрватска (50,4) и Бугарија 48,6.

Во рангирањето за Европа еднинствено Косово нема оценка, а како што велат од „BCG“ причината за тоа е недостатокот на официјални податоци.

mapa354

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП