24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШто го маскираше падот на профитот на Airbus

Што го маскираше падот на профитот на Airbus

19034977845798988415a4c466546410_w640

Нето профитот на францускиот производител на авиони „Airbus“ порасна за 15 проценти, на 1,76 милијарди евра во првата половина од тековната година.

Тоа е резултат на вонредните ставки кои помогнаа во маскирањето на падот на профитот од работењето.

Компанијата во тој период претрпе трошок од 1,4 милијарди евра поради одложувањето на испораката на војните транспортни авиони А400М, негативните валутни движења и трошоците поврзани за авионите А350 со широк труп, пренесува американската агенција АП.

Тие трошоци, сепак, се неутрализирани со продажбата на акциите во „Dassault Aviation“ и основањето на заедничка компанија за лансирање на ракети со компанијата „Safran“, кои генерираа нето добивка од речиси 1,9 милиијади евра.

Кога ќе се исклучат еднократните ставки, профитот од работењето на „Airbus“ падна за 11 проценти, на 1,7 милијарди евра, додека приходите, кои се генерираат по испораката на авиони, стагнираа во првата половина од годината, на 28,8 милијарди евра.

Бројот на нарачки падна за 27 проценти, на 39 милијарди евра, наведува АФП, додавајќи дека во првата половина од годината „Airbus“ испорачал 298 авиони во однос на 304 авиони од истиот период во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП