23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј: Да се решат прашањата на европските граѓани во Британија и британските...

Меј: Да се решат прашањата на европските граѓани во Британија и британските граѓани во ЕУ

mej353

Британската премиерка Тереза Меј изјавила дека е отворена во поглед на идните британски врски со Европската унија (ЕУ), додавајќи дека тие можеби нема да бидат копија на некои постоечки односи помеѓу ЕУ и третите земји, пренесуваат светски агенции.

„Гледам на ова со отворен ум. Мислам дека треба да развиеме модел кој им одговара на Обединетото Кралство и ЕУ, но не мора да преземеме модел кој веќе постои“, изјавила Меј по средбата со италијанскиот премиер Матео Ренци во Рим.

Меј додала дека исто така се надева на решавање на прашањата за правата на европските граѓани кои живеат во Британија и на британските граѓани кои живеат во ЕУ, нешто што би било најдобро да се направи на почетокот на преговорите за условите околу излегувањето на Британија од Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП