20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако вашите пари да работат за Вас, наместо Вие за пари?

Како вашите пари да работат за Вас, наместо Вие за пари?

mon

Неспорен факт е дека сите сакаме повеќе пари. А во денешново динамично време, нараснатата интенција за самопромовирање, како и големата понуда на најразлични добра и услуги, уште повеќе го истакнуваат стремежот кон поголема заработувачка. Несомнено е дека парите се корисни, бидејќи го олеснуваат животот, овозможуваат поголем комфорт и поголема сигурност.

Но, како да ги заработиме? Не е лесно! Уште потешко е да се заштеди и правилно да се вложат заштедените пари, па потоа тие да пристигаат без да работиме за нив. Ама, има лек и за тоа. За сите нас, кои денес работиме и ги заработуваме приходите на месечно ниво, постепеното и редовно вложување е можеби единствениот начин да го задржиме нивото на животниот стандард и да обезбедиме посигурна иднина, за себе и најблиските.

Неретко се прашуваме и како имотните луѓе го стекнале своето богатство и како понатаму истото го одржуваат и зголемуваат? Рецептот е едноставен – вложувајќи постепено, но редовно. Како што вели најбогатиот светски инвеститор Ворен Бафет – најдоброто решение што човек може да го донесе во однос на своите заштеди е да вложува редовно секој месец во акциски фонд и тоа да го прави во следните 10, 20, па и 30 години. Повеќе информации за тоа како лесно и едноставно да вложувате, можете да најдете на следнава страница:

http://www.kdfondovi.mk/?subpageid=2452

Едно е сигурно, нема ништо поубаво од тоа ”Вашите пари да работат за Вас”, да не работите, а да заработувате пари, вашиот имот да се зголемува, да добивате солиден принос за вашите вложувања.

Во таа насока ќе дадеме одговори на неколку прашања кои најчесто си ги поставуваме, а со цел да отстраниме евентуални заблуди или стереотипи.

Дали доколку вложам во акции, тие може да се обезвреднат и да ми пропаднат сите пари?

Ако вложувате во високо ризични хартии од вредност, преземате и поголем ризик и можност за обезвреднување на средствата. Но, доколку вложувате во фонд кој одбира акции од реномирани топ светски брендови, кои имаат стабилен или забрзан раст на приходите од дејноста и соодветно на тоа и висока реализирана добивка, компании кои и во услови на криза остваруваат натпросечни приноси, тогаш ризик речиси и да не постои, а спротивно на тоа можностите за оплодување на средствата се навистина големи. Важно е и на кого ќе му ги доверите вашите средства, односно кој со нив ќе управува и ќе ги одбира соодветните компании во кои да се вложи.

Дали можам брзо да се збогатам?

Вложувањето во акции во никој случај не претставува шема за брзо богатење. Во ситуација кога имаме слободни финансиски средства, потребно е да ги разгледаме сите инвестициони можности, па потоа да се обратиме на врвни професионалци со интернационално искуство, кои за нас ќе испланираат комбинирано инвестициско портфолио, со минимален ризик, а со висока ликвидност. Богатството е во трпеливоста и постепеното вложување. Сѐ друго е хазардерство! Не постои рецепт за богатење преку ноќ.

Дали е подобро да се вложи во банка или во акции?

Просечната каматна стапка за орочен депозит во денари на година дена во трите најголеми банки во земјава изнесува  околу 1,7%. Падот на каматните стапки е континуиран уште од крајот 2009 година, кога каматната стапка на депозитите орочени на една година изнесуваше речиси 10%. За споредба, светската статистика покажува дека просечниот годишен принос од вложување во акции од 1926 до 2010 година е помеѓу 10 и 12%. Или на пример, компанијата Coca Cola исплаќа дивиденда уште од далечната 1920 година, а исплатениот износ константно го зголемува во последните 50 години.

Да не е незгодно да прашувам глупости?

Неинформираноста и предрасудите се најчестата причина за неискористените можности. Можности за кои неретко се каеме многу години подоцна.  Не плашете се да поставите “глупаво” прашање. Tакви прашања едноставно не постојат.

Затоа, ќе ни биде особено драго да ни пишете за термин за бесплатни консултации или директно да се јавите за закажување на телефонските броеви (02) 60 90 300 или (02) 60 90 303.

Дозволете им на вашите пари да поработат малку за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП