28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје: Поместувањето на оградата во ОУ „Кочо Рацин“ се прави за...

Град Скопје: Поместувањето на оградата во ОУ „Кочо Рацин“ се прави за да се изгради пешачка патека

koco 33

Поместувањето на оградата во ОУ „Кочо Рацин“ се прави со цел изградба на пешачка патека којашто ќе ја користат учениците на училиштето, посетителите на Водно и сите преостанати граѓани, и со неа ќе се зголеми нивната безбедност.

Ова се вели во реакцијата на Град Скопје, откако во среда градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ги обвини градските власти дека го узурпираат училишниот двор.

„Просторот што ќе се одземе од училишниот двор е со вкупна површина од 23 квадратни метри, со што воопшто нема да се наруши функционалноста на училиштето и училишниот двор. Станува збор за простор што е од минимално значење за училиштето, а тој простор ќе се искористи за изградба на пешачка патека која е од голема корист за учениците и за сите граѓани“, се вели во реакцијата од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП