19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Хрватска со добра економска соработка

Македонија и Хрватска со добра економска соработка

mak-hrv

Економската соработка меѓу Македонија и Хрватска е добра и таа треба да се искористи за продлабочување на економските односи и иницирање на нови заеднички проекти.

Ова заеднички го констатирале министерот за економија Дритон Кучи, на денешната средба со Амбасадорката на Хрватска Данијела Баришиќ.

Република Хрватска е мошне важен трговски партнер за Република Македонија и во 2015 година се наоѓа на 15-то, а за периодот јануари – мај 2016 е на 14-то место на листата на земји со кои Република Македонија остварува најголем обем на трговска размена.

Амбасадорката Баришиќ на министерот Кучи му врачи покана од неговиот хрватски колега Томислав Панениќ за претстојниот Самит на иницијативата на лидерите од Јадранското, Балтичкото и Црното Море, кој ќе се одржи на 25 и 26 август во Дубровник, а на кој се поканети премиери и министри од 20 земји. За министрите за економија заедничка тема на овој Самит ќе биде енергетиката, а целта на Самитот е отворање на нови можности за трансатланска соработка и реализација на стратегијата за пристапување кон ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП