20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајтенкиот смартфон на BlackBerry (фото+видео)

Најтенкиот смартфон на BlackBerry (фото+видео)

dtek 00

„BlackBerry“ уште не заврши со мобилните уреди. Оваа недела компанијата која некогаш доминираше на пазарот на смартфони, го претстави најтенкиот паметен телефон досега – „DTEK50“.

Името е од значење, бидејќи „DTEK“ исто така се нарекува софтверот за безбедност, кој за првпат беше вклучен во моделот „Priv“.

Тенкиот 7.4 милиметри „DTEK50“ има 5.2-инчен екран и користи оперативен систем „Android“. Смартфонот нуди целосна енкрипција на податоците, вградена заштита од малициозен софтвер и хардверска поддршка за следење (што може да го направи атрактивен и за бизнисот).

За разлика од „Priv“ кој има вградена физичка „QWERTY“ тастатура, „DTREK50“ располага само со екран осетлив на допир.

Уредот има 13 мегапикселна камера, двоен „LED“ блиц и слот за дополнителна меморија (до 2 TB).

dtek 01

„Blackberry“ го запира производството на моделот „Classic Blackberry Limited“ и објави дека престанува да ги произведува своите уреди со физичка тастатура „Blackberry Classic“.

Аналитичарите сметаат дека „DTEK50“ личи на новиот „Alcatel Idol 4S“. Од „BlackBerry“ потврдија дека тие не се производители на смартфонот. Од компанијата сепак не откриваат дали „DTEK50“ е произведен од „Alcatel“.

Она што може да ги возбуди најмногу обожавателите на „BlackBerry“, сепак е цената. Во моментов „DTEK50“ се продава со пред-нарачки co цени почнувајќи од 299 долари. За споредба, цената на „Priv“ започнуваше од 699 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП