25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW ја предводи светската листа според продажбата

VW ја предводи светската листа според продажбата

volsk3

И покрај кризата со манипулациите со податоците на дизел автомобилите, германскиот концерн „Volkswagen“ продал во првото полугодие повеќе автомобили од конкуренција од Јапонија и САД.

Ова станува јасно од анализата на индустриските експерти од германскиот Центар за автомобилско управување на Универзитетот за применети науки. Според податоците на компанијата, таа го зазема лидерското место по продажба во првите шест месеци, пренесува германската телевизија „N-Tv“.

Според експертите до крајот на јуни групата „VW“ продала 5,04 милиони автомобили и комбиња, што претставува раст од 0,8 проценти на годишно ниво. Истиот раст (0,8%) најголемиот производител на автомобили во Европа го постигна и во мај. „Volkswagen“ ја искористил првенствено добрата пазарна средина во Западна Европа и Кина.

Со 4,99 милиони возила и 1% зголемување, „Toyota“ е на второто место. Следи „General Motors“ (GM) со 4,77 милиони автомобили (минус 1,8%).

Уште посериозен пад има во изминатото полугодие за корејската алијанса „Hyundai“/„Kia“ (-2,4 отсто). Со овие резултати Корејците се на четврто место (под 4 милиони возила).

Сериозен раст според овие првични податоци забележаа германските премиум производители „Daimler“ (10,3 отсто), „BMW“ (5,8 отсто) и „Audi“ (5,6 отсто). Па така „Daimler“ успева да го претекне „BMW“ според продажбата.

За целата 2016-та година експертите очекуваат забавување на растот на глобалниот пазар до околу 2%, а продажбата ќе достигне 78 милионин ови автомобили. Раст се очекува пред се во Кина и САД. Западна Европа исто така ќе забележи пораст (6 отсто), а гласањето за „Brexit“ ќе влијае. Проблематична останува ситуацијата во Бразил (пад од 23 отсто), Русија (-13 отсто) и Јапонија, каде продажбата ќе стагнира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП