19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпанијата „Кранфилд Фаундри“ започна со изградба на фабрика во Пробиштип

Компанијата „Кранфилд Фаундри“ започна со изградба на фабрика во Пробиштип

neokazi 3535

Камен-темелник на новата фабрика за производство на делови за монтажна, железничка и автомобилска индустрија на фирмата „Кранфилд Фаундри“ беше поставен во вторник во индустриската зона Неокази во Пробиштип.

Инвестицијата вредна 15 милиони евра ќе се простира на површина од 8.000 метри квадратни, ќе зафаќа простор од 80.000 метри квадратни, а предвидува вработување на околу 280 лица. Се очекува работите да завршат до пролет следната година.

„Во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип инвестираме два милиони евра од кои 1,5 милиони за донесување електрична енергија до самата зона, а 300 илјади евра за изградба на комплетна инфраструктура, бидејќи во оваа зона планираме да донесеме и други инвеститори кои ќе градат нови фабрики“, рече премиерот Емил Димитриев.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски рече дека изградбата на новата фабрика ќе придонесе за подобрување на вработувањето во овој дел на земјата.

Фабриката на „Кранфилд Фаундри“ е првата инвестиција во новата индустриска зона во Неокази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП