29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Ватикан ги затоплува односите со италијанската централна банка

Банката на Ватикан ги затоплува односите со италијанската централна банка

ba3955

Ватикан и Централната банка на Италија потпишаа договор за клучна соработка насочена кон легализација на односите и престанок на недовербата на италијанските власти кон финансиите на „Светиот престол“, соопштува „Ројтерс“.

Документот, потпишан од гувернерот на Италијанската централна банка Игнацио Виско и финансискиот регулатор на Ватикан, Рене Бруелхарт, доаѓа по години на финансиски реформи, од кои повеќето преземени под водство на папата Францис. Целта е банката на Ватикан да работи по меѓународни стандарди и да обезбеди транспарентност и борба против перењето пари.

Во заедничката изјава се наведува дека договорот е насочено кон подобрување на размената на информации во областа на финансискиот надзор. Таа им овозможува на властите да ги прошират каналите на информации, за да се следат трансакциите меѓу италијанските финансиски структури и Ватикан, на чија финансиска активност Централната банка гледа со сомнеж повеќе децении.

„Тоа практично ги нормализира односите“, изјави Бруелхарт во телевизиското интервју за „Ројтерс“.

Во 2010-та година италијанските банки ја прекинаа соработката со банката на Ватикан, позната по официјалниот назив Институт за верски активности, откако Централната италијанска банка повика за воведување на строги критериуми против перењето пари.

Истата година римски судии, истражуваа можно перење пари, замрзнаа 23 милиони евра на Банката на Ватикан во две италијански банки.

Во 2012-та година Италија го блокираше користењето на дебитни и кредитни картички во Ватикан поради загриженоста за недостаток на транспарентност, што го попречува еден од најголемите извори на приходи од бројните туристи во малата суверена држава во срцето на Рим.

Меѓутоа во последните години односите меѓу италијанските и Ватиканските финансиски власти се подобруваат. Во 2013-та година единицата за финансиско разузнавање на Централната банка на Италија потпиша договор со Ватикан за споделување на финансиски информации со италијанските даночни власти, во кое „Светиот престол“ ветува целосна соработка и транспарентност.

Ватикан одамна е критикуван од различни финансиски организации за обезбедување на даночен рај, кој овозможува создавање на тајни банкарски сметки.

Папата Фрањо ја направи финансиската реформа во основен елемент на своето папството, а под негов надзор банката на Ватикан затвори илјадници сметки во последниве години.

Во декември минатата година Комисијата од експерти за евалуација на мерките против перењето пари и финансирањето на тероризмот „Moneyval“ излезе со претежно позитивен извештај во кој посочи дека следи сериозен напредок во финансиските активности на банката.

Сепак експертите сметаат дека судскиот систем на Ватикан треба да биде многу цврст кон луѓето, осомничени за финансиски криминал како перење пари, и повикуваат за повеќе кривични гонења и подигнување на обвинениja.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП