19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри зборови кои треба да ги избегнувате во мејловите

Три зборови кои треба да ги избегнувате во мејловите

мејл-комуникација

Сајтот The Мuse објави нови совети на тема пишување на мејлови и како да ја унапредите својата комуникација со тоа што нема да ги користите следниве зборови.

Всушност

Кога често го коритите овој збор малку звучите „напумпано“. Првенствено, овој збор начесто се користи кога поправате некого или се обидувате да објасните дека всушност вие сте во право и дека работите се всушност вакви, а не такви како што кажува некој друг. Наместо тоа користете ги зборовите, дефинитивно, гледам, разбирам, има смисла, разбирливо, одлично запазување но…

Извинете

Трудете се да не давате извинувања освен во случај кога навистина треба да ги дадете. Дури и кога сте навистина виновни трудете се наместо „жал ми е“ да кажете „се ивинувам“, бидејќи првиот збор е премногу користен и полека тие зборови губат значение во секојдневната комуникација. Особено кога станува збор за комуникација, нагласете дека се извинувате што не сте предвиделе нешто, а не дека ви е жал што нешто сте упропастиле. На тој начин нема дополнително да се понижувате.

Јас

Не станува збор само за користењето на зборот Јас туку за целиот концепт на фокусираност на вашата личност која е непрекинато во центар на внимание. Во деловната комуникацја кога често користите Јас, мене, може да звучите вообразено, а личноста со која се допишувате ќе има впечаток дека и се поставувате како надредени. Наместо „Испрати ми ја финалната верзија за да се уверам дека се е во ред“, напишете „Ајде да ја провериме финалната верзија за да бидеме сигурни дека нашиот клиент ќе биде задоволен“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП