19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро iPhone ќе ја мине границата од 1 милијарда продадени примероци

Наскоро iPhone ќе ја мине границата од 1 милијарда продадени примероци

ajf3

Продажбата на „iPhone“ се очекува да ја надмине границата од 1 милијарда примероци.

Очекувањата се дека продажбата на популарните паметни телефони за третиот квартал ќе достигнат 40 милиони долари, додека вкупната продажба на сите модели до 30-ти јуни изнесуваат 987 милиони уреди.

Вкупно 2/3 од приходите на „Apple“ се генерирани од продажбата на „iPhone“. При очекувана продажба од над 40 милиони примероци за овој квартал, тоа значи дека границата од 1 милијарда може да ја помине уште оваа недела.

Продажбата во следните месеци во голема мера ќе зависи од очекувањата на „iPhone7“.

На „Twitter“ познатиот прогнозер Еван Блас објави дека новиот модел на смартфонот се очекува да биде во продажба, почнувајќи од 12-ти септември, или поточно 16-ти септември. Тоа би значело дека неговото претставување од Тим Кук и неговиот тим ќе се состои помеѓу 10 и 14 дена порано.

Претпоставките се пак дека официјалното претставување на „iPhone 7“ ќе биде на 6-ти или 7-ми септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП