25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМаџиров ќе чита поезија во Париз

Маџиров ќе чита поезија во Париз

nikola-madzirov

Поетот Никола Маџиров, во вторник, ќе чита во најпосетената книжарница во Париз, „Шекспир анд компани”, како дел од промоцијата на Антологијата на современата светска поезија „Центри на катаклизмата”, објавена годинава во Велика Британија.

Стиховите на Маџиров се вклучени во оваа антологија, објавена по повод 50 години од списанието „Модерн поетри ин транслејшн” основано од Тед Хјуз, а која веќе беше промовирана на „Кингс колеџ” во Лондон и „Квинс колеџ” во Оксфорд. Антологијата вклучува и стихови од Јехуда Амихај, Дарвиш, Брехт, Васко Попа и други автори.

Книжарницата „Шекспир анд компани” е основана во Париз во 1919 година и била главно париско собиралиште на Езра Паунд, Џемс Џојс, Хемингвеј и други автори. По затворањето за време на Втората светска војна, повторно е отворена во 1951 година и е посетувана од Ален Гинзберг, Бероуз, Ферлингети и други поети од бит-генерацијата, а станува глобално популарна по појавувањето во филмовите „Бифор сансет” на Ричард Линклатер и „Миднајт ин Париз” на Вуди Ален.

Во март годинава книжарницата „Шекспир анд компани” ја избра песната на Никола Маџиров „По нас”, на македонски и англиски јазик, како поетска порака за Светскиот ден на поезијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП