29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБегство од Лондон!

Бегство од Лондон!

London_cabs_and_buses

Рекорден број на луѓе се преселија од Лондон во текот на минатата година во потрага по прифатлив живот. Ова го покажуваат податоците на британската национална статистика, анализирани од консултантската компанија „Humberts“, пишува интернет изданието „propertywire.com“.

Над 280.000 лица се иселиле од Лондон во 2015-та, што е рекорден број, покажуваат податоците. Пресметаниот број од минатата година е за 3% повеќе во однос на оние од 2014-та година, покажува анализата.

Најголемата група луѓе кои се одлучија да ја напуштат британската престолнина, се млади луѓе во 20-те и 30-те години. Над една четвртина од нив се на возраст од 20 до 29 години, а речиси една четвртина – од 30 до 39 години.

Посечната цена на стан во Лондон во моментов е речиси два пати повисока во однос на просекот за Британија – 470.000 фунти наспроти 224.000 фунти. Затоа и многу луѓе, особено сопствениците на имот во главниот град на земјата, во последните години се решаваат на продажба и напуштање на градот.

Жителите на Лондон на возраст 20-29 години се откажуваат да купат имот во градот, а оние на возраст 30-39 години веќе имаат деца и или имаат потреба од поголемо живеалиште, или едноставно бараат помирна средина за нивно одгледување.

Бирмингем ја предводи листата на најпопуларните дестинации меѓу лондончани, кои одбрале да избегаат од главниот град. Популарен избор останува и Брајтон, иако интересот почна да се намалува, бидејќи цените на имотите веќе се приближуваат на нивоата на оние во Лондон.

Меѓу најпопуларните дестинации за преселеување се Елмбриџ, Бристол, Манчестер, Лутон, Кантербери, Лидс, Нотингем и други.

Најголем дел од населението кое го напуштило Лондон, во последните години го привлекло регионот на Источна Англија. Населението во регионот расте со 4% во 2015-та година во однос на 2011-та година благодарение на преселбата. На второ место е Југозападна Англија, а двата региони се привлечни поради добрата инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП