20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез промени на МБ на почетокот од трговската седмица

Без промени на МБ на почетокот од трговската седмица

mk berza

Трговската седмица на Македонска берза за хартии од вредност започна со 52 реализирани трансакции, преку коишто беше остварен промет од 12.2 милиони денари.

Една блок трансакција со акциите на НАМА Куманово беше доволна за таа да се најде како првопласирана по остварен промет. Беа истргувани вкупно 2.709 акции по цена од 1.200 денари по акција.

Втора на истата листа се позиционираше акцијата на Алкалоид (503 истргувани акции, 5.097,60 денари просечна цена по акција).

Сличен промет оствари и акцијата на НЛБ Банка (2.1 милион денари преку 298 истргувани акции).

Уште две хартии од вредност остварија промет над милион денари, и тоа обврзницата од 15-та емисија РМДЕН15, како и акцијата на Комерцијална Банка.

Индексот МБИ10 го заврши денот со пораст од 0,11 проценти, додека индексот ОМБ забележа пад од 0,27 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП