24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗначителен пад на продажбата на Apple Watch

Значителен пад на продажбата на Apple Watch

voc33

Според податоците кои ги објави „IDC“ се чини дека продажбата на „Apple Watch“ значително забавила. Послабата потрошувачка во последните три месеци доведе во тој период да бидат продадени дури околу 1,6 милиони примероци од овој паметен часовник.

Во споредба со минатата година, кога во истиот период беа продадени дури 3,6 милиони уреди, сега станува збор за годишен пад на продажбата од дури 55%.

И покрај ово пад, „Apple“ и натаму го држи првото место на таблата на најпродавани паметни часовници со околу 47% пазарен удел.

Сепак, тој е и единствен меѓу водечките пет производители кој забележа пад. „Samsung“ во истиот период двојно го зголеми својот удел и сега се искачи до 16%.

Зa следната година се очекува подобрување кај „Apple“, бидејќи во 2017-та ќе треба да биде лансиран и наследникот на првата генерација на „Apple Watch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП