16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan ќе го претстави следниот Juke во 2017-та

Nissan ќе го претстави следниот Juke во 2017-та

expres tet

Појавата на следната генерација на „Nissan Juke“ ќе се случи во 2017-та година, а моделот ќе ја задржи својата екстравагантна надворешност, но ќе добие голем број нови компоненти. Ова го откри главниот дизајнер на јапонската марка Широ Накамура во интервју за „Auto Express“.

Тој одби да коментира дали компактниот кросовер повторно ќе ја изненади публиката со смел изглед или ќе следува новиот концепт на дизајнот на марката, која се виде кај „X-Trail“ и „Qashqai“. Накамура сепак беше категоричен дека „Juke“ повторно ќе биде лесно препознатлив и ќе продолжи да предизвикува емоции кај публиката.

Веќе е познато дека возилото ќе биде изградено на нова платформа – „CMF-B“, која е заеднички проект меѓу „Renault“ и „Nissan“. Таа е користена кај моделите „Nissan Micra“ и „Renault Clio“, па така ќе му овозможи на кросоверот да порасне во големина. Ова ќе се одрази на меѓуоскиното растојание на машината, што во моментов е 2530 мм, но ќе се зголеми значително.

Моделот ќе продолжи да се потпира на турбо мотори, а како основна опција ќе се нуди со 1,0-литарски бензински мотор. За најмоќниот бензински мотор ќе биде со зафатнина од 1,6 литри и ќе развива 190 КС. За верзијата „Nismo“ моќноста ќе порасне до 217 КС. Дизел варијанта со зафатнина од 1,5 литри со моќност 110 КС ќе се задржи и во следната генерација.

Сепак, ќе има хибридна модификација, во чија основа ќе биде бензински мотор. Таа ќе излезе околу една година по верзиите со стандардни агрегати. За Европа новиот „Juke“ ќе продолжи да се произведува во фабриката на „Nissan“ во Сандерленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП