20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХоланѓанецот Клоф го засили МЗТ

Холанѓанецот Клоф го засили МЗТ

kolf 335

Холанѓанецот со суринамски пасош, 26-годишниот Шарлон Клоф е нов член на кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Преговорите на холандскиот репрезентативец и МЗТ финиширале денеска, а како што објави клубот на својата интернет страница, тој потпишал едногодишен договор.

Клоф е играч кој игра на двете бековски позиции и кој беше дел од селекцијата на Холандија на ланското Европско првенство (ЕП). Клоф на средбите од прелиминарната група во Загреб имаше просек од 16,2 поени, 4,6 скока и 3,2 асистенции, а на пресметката со Македонија, која заврши со триумф на „жолто-црвените“, реализира девет поени со пет скока.

Бекот во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од редовите на италијанскиот прволигаш Торино. Претходно, Клоф има играно во Турција, Грција како и во американската НЦАА-лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП