29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Qashqai пристигнува во ноември

Новиот Qashqai пристигнува во ноември

nissan-hi-cross-concept-1

Втората генерација на кросоверот на „Nissan“ ќе донесе иновативни решенија, како на полето на дизајнот, така и во поглед на технологијата.

Но како навистина ќе изгледа „Qashqai II“ кога ќе биде претставен оваа есен можеме само да погодуваме, но некои детали од надворешниот изглед можеме да ги видиме на концептот „Hi-Cross“ кој беше прикажан во Женева. Во секој случај треба да се очекува возило со агресивен изглед на предниот дел од каросеријата и нагласени странични делови.

„Qashqai“ ќе биде поставен на нова модуларна платформа која е наменета за различни модели со средна големина од алијансата „Renault-Nissan“, од идниот „Megan“ па до новиот „Nissan X-Trail“. Платформата е дизајнирана така да може да ги поддржи и возилата со „Plug-in Hybrid“ погонските системи.

2014-Nissan-Qashqai-2

Што се однесува до моторот се предвидува дека меѓу останатите ќе биде достапен и 1.6 литарски турбо-дизел кој ќе биде превземен од првата генерација на моделот „Qashqai“, а неговата CO2 емисија ќе биде спуштена под 100 g/km. Се споменува и 1.2 литарски турбо-бензински мотор со 114 ks и 190 Nm, кој ќе го замени актуелниот 1.6 литарски бензински мотор.

Новиот „Qashqai“ ќе има премиера во ноември 2013-та година, а на пазарот се очекува да се појави на почетокот од 2014-та година. Додека за 2015-та година се подготвува и верзија со „Plug-in Hybrid“.

Автомобилот ќе се произведува во фабриката на „Nissan“ во Сандерленд, а се очекува според цената да не се разликува многу од актуелниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП