25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmerican Airlines со пад на добивката и приходите во вториот квартал

American Airlines со пад на добивката и приходите во вториот квартал

ameri er33

Профитот на најголемата авиокомпанија во светот „American Airlines Group“ се намалува во вториот квартал, но и покрај тоа останува повисок од очекуваниот, благодарение на евтино гориво, соопштува „Ројтерс“.

Вкупните оперативни трошоци паѓаат со 3,3% до 8,61 милијарди долари во вториот квартал, а трошоците за гориво се намалуваат за 20%.

Сепак нето добивката се намалува за 44% до 950 милиони долари, додека трошоците за данок на доход забележа пораст од 15 милиони долари до 543 милиони долари.

Добивката по акција паѓа до 1,77 долари по акција од 2,62 долари по акција, пред една година, но и покрај тоа ги надминува очекувањата на аналитичарите за профит од 1,68 долари по акција.

Вкупните приходи од работењето се намалуваат за 4,3% до 10,36 милијарди долари во кварталот кој заврши на 30-ти јуни.

Акциите на авионските компании поевтинуваат во последните месеци во позадина на зголемената загриженост на инвеститорите дека превозниците ќе продолжат да ги зголемуваат летовите и да ја туркаат цената надолу, и покрај недоволната побарувачка.

Забавувањето на економскиот раст зад границата претставува уште поголем ризик за приходите, а во исто време странците патуваат помалку во САД поради поскапувањето на доларот во однос на другите валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП