29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG зa следната година подготвува телефон на преклопување

LG зa следната година подготвува телефон на преклопување

preklop eete

Ривалството помеѓу компаниите „LG“ и „Samsung“ e толку големо што се големи шансите едната компанија да понуди сличен производ кој е најавен од другата.

На пример, двете компании произведуваат телефони, телевизори, екрани, „VR“ уреди, па двете во исто време објавија телефони со заоблен екран и така натаму.

Сега, според извештајот на „Bloomberg“, се сугерира дека смартонот со екран на преклопување на „Samsung“ ќе пристигне на пазарот во 2017-та година, а изгледа дека „LG“ не сака премногу да заостанува зад големиот ривал и на ова поле. Според информациите на „ET News“ сега се открива дека „LG“ планира да претстави свој телефон на преклопување, кој ќе пристигне следната година.

Според информациите, „LG“ потпиша договор со канадската компанија „IGNIS Innovation“, која ќе произведува интерни струјни кола за овој вид на телефони. „LG“ исто така ќе се подготви за производство, кое ќе започне во првата половина на 2017-та година, додека претставувањето на уредот се очекува до крајот на наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП