Ексклузивна верзија на спортскиот седан „M5“ претстави германската компанија „BMW“. Моделот ја носи ознаката „Competition Edition“ и е меѓу најмоќните во историја на марката.
Предметната модификација го користи моторот кој го познаваме од други две специјални верзии на седанот – „M5 30 Jahre M5“ и „M5 Pure Metal“. Агрегатот е 4,4-литарски V8, а показателите му се зголемени до 600 КС и 700 Нм.
Ова му овозможува на „M5 Competition Edition“ да развива 100 км/час од место за само 3,9 секунди. Потрошувачката на гориво во мешан режим е 9,9 л/100км, а емисијата на „СО2“ е 231 г/км, покажуваат информациите од „BMW“.
Специјалниот модел се одликува со персонален изглед, како и со пакет „Competition Package“, кој вклучува намалување на возилото со 10 мм и поцврсто поставување на пружините, амортизацијата и стабилизаторите на суспензијата. За „M5 Competition Edition“ се подготвени исто така диференцијалот со специфична поставка – „Active M“, управувачкиот систем со директен пренос на брзини, како и систем за контрола на стабилноста „DSC“ со наштиман режим „M Dynamic Mode“.
Автомобилот ќе биде предложен во серија од само 200 примероци. Половина од нив ќе се во боја „Carbon Black“, а останатите во „Mineral White“. Одбраните тркала се 20-инчни во боја „Jet Black“, а во надворешноста ќе бидат впечатливи уште јаглеродни „M Performance“ компоненти, меѓу кои дифузор, спојлер и капаци на страничните ретровизори.
Внатрешноста исто така ја нагласува единственоста на „BMW M5 Competition Edition“. Тоа е комбинација на луксуз и спорт, а демонстрира карбонски лајсни со редниот број на моделот, кожен тапацир „Merino Black“ со контрастни шевови во боја „Opal White“, патосници во боја „Anthracite“ и кожни делови во „Merino Opal White“, аудио „Bang & Olufsen High End Surround Sound System“, „BMW Head-Up Display“ и многу други.
„BMW M5 Competition Edition“ е достапен по цена од 129.500 евра.