19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Не можеме сами да го спасиме светот

Кина: Не можеме сами да го спасиме светот

519ce67c83379

Кина не може сама да го спаси светот од кризата која ја предизвика Брегзит, изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг.

„Невозможно е да го носите товарот од целиот свет на своите рамена. Со оглед на финансиската флуктуација предизвикана со Брегзит, Кина ќе ја забрза пазарно ориентираната реформа на девизниот курс“, изјави Ли по состанокот со лидерите на шесте водечки глобални економски организации во Пекинг, пренесува агенцијата Франс прес.

Неговата изјава доаѓа само неколку дена откако ММФ соопшти дека неизвесноста предизвикана со Брегзит ќе го забави растот на глобалната економија во наредната година, потсетува француската агенција.

За унапредување на растот на глобалната економија, додава Ли, ќе биде потребно зајакнување на координацијата на макроекономските политики и зголемување на транспарентноста во таа област.

Во неодамна објавените прогнози, ММФ соопшти дека глобалната економија веројатно ќе порасне за 3,1 проценти во оваа година и за 3,4 проценти во 2017 година, што и во двата случаи е пониска проекција за по 0,1 процент.

Истовремено, проекцијата за Кина е ревидирана нагоре, за 0,1 проценти, на 6,6 проценти за тековната година, а таквите прогнози, според зборовите на Ли, вршат притисок врз Кина „да го задржи растот и стабилноста“.

По неговите коментари, претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким, ја пофали Кина поради посветеноста на меѓунардната економска соработка „во време кога на Западот постои многу јасно отфрлување на глобализацијата и мултилатерализмот“.

Изјавата на кинескиот премиер доаѓа во пресрет на состанокот на министрите за финансии и гувернери на централните банки од Г20 овој викенд во Кина.

Кинеската економија и во вториот овогодишен квартал остварила поголем од очекуваниот раст, откако владината потрошувачка и бумот на пазарот на недвижнини ја поттикна индустриската активност, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП