25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSyngenta oствари послаби резултати

Syngenta oствари послаби резултати

sygenta3

Силниот долар и слабиот старт на сезоната на сеење во САД доведоа до пад на добивката и приходите на швајцарскиот аграрен-хемиски концерн „Syngenta“, пренесува „Ројтерс“.

Приходите од продажба бележат пад во првото полугодие од 7% до 7,09 милијарди долари. Добивката изнесува 1,06 милијарди долари – со 13% пониска на годишна база, објави компанијата.

Планираното стекнување на Концернот со седиште во Базел од кинеската компанија „ChemChina“ ќе се случи до крајот на годината поради бавната проверка од страна на органите, особено во САД, изјави новиот извршен директор Ерик Фирвалд. Кинескиот концерн има намера да плати за Швајцарците 43 милијарди долари и веќе двапати го продолжи рокот за прифаќање на понудата.

Во последниве месеци „Syngenta“ добива несакани предлози за купување за 46 милијарди долари во готовина и акции од американскиот конкурент „Monsanto“. Понудата беше отфрлен од причина за заштита на конкуренцијата. Во меѓувреме самата „Monsanto“ може да биде купена од конкурент – германскиот „Bayer“, но засега отфрли две понуди, како премногу ниски.

„ChemChina“ нема голем бизнис со земјоделски хемикалии, но сепак ќе има потреба од регулаторното одобрување на трансакцијата во САД и Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП