28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот лет на дронот на Facebook (видео)

Првиот лет на дронот на Facebook (видео)

dron bf 98

По две години развој, дронот „Aquila“ на „Facebook“ е подготвен за реалниот свет. Компанијата објави видео од првиот лет на дронот, со кој планира да обезбедува безжичен интернет пристап над оддалечените области.

Летот бил извршен на 28-ми јуни годинава и траел 96 минути. Во тоа време тимот направил полни тестови на леталото, вклучувајќи го системот за автопилот и аеродинамиката.

dron bf 99

Со отворени крила е колку патнички авион, но е со една третина тежина на возило. Марк Цукерберг исто така присуствувал на првиот лет.

Основната цел на „Facebook“ е да постигне максимално долго време на летот – барем неколку месеци. Досега авион, кој се напојува со соларна енергија, не се задржал повеќе од две недели во воздух.

Првиот лет на „Aquila“ помина успешно. Детектиран е само еден проблем со конструкцијата, кој се покажал пред слетувањето. Самото слетување сепак било беспрекорно.

Екипата веќе се подготвува и за вториот лет. Тој ќе е уште посложен и подолг, што вклучува и летање ноќе. Целта е да се провери дали сончевите панели ќе обезбедат доволно резервна енергија која е доволна за ноќен лет.

dron bf 96

Тестовите дури сега почнуваат. Во план се да се испробаат и промени во дизајнот на дронот. Сите тестови ќе собираат информации за одговор на основното прашање за „Facebook“ – дали изградбата на флотата дронови е подобра и поволна алтернатива наспроти обезбедување на интернет пристап до оддалечените области преку други фиксни и конвенционални методи. Дури тогаш иднината на „Aquila“ ќе биде јасна.

dron bf 97

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП