25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ги објави цените на Q2 (фото)

Audi ги објави цените на Q2 (фото)

ceni q2 00

Германската компанија „Audi“ ги објави цените на новиот компактен кросовер „Q2“. При излегувањето на пазарот моделот ќе се нуди со два мотори – бензински и дизел, а најевтината опција на моделот ќе чини 26.750 евра.

Бензинската верзија ќе се потпира на 1.4-литарски „TFSI“ мотор со моќност од 150 КС, кој работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач и „S Tronic“. Во основната верзија агрегатот е опремен со систем за деактивација на цилиндрите, а два од нив се исклучуваат при пониски оптоварувања со цел на заштеда на гориво.

ceni q2 01

Модификација со преден погон и кутија „S Tronic“ нуди ниво на штетни емисии од 119 г/км. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај неа трае 8,5 секунди, а просечната потрошувачка на гориво е 5,6 л/100км.

Дизел агрегатот е 1,6-литарски „TDI“ со моќност од 116 КС, а тој може да се комбинира само со 6-брзински мануелен менувач. Потрошувачката на гориво е 4,5 л/100км, а забрзувањето од 0 до 100 км трае 10,3 секунди, покажуваат информациите.

ceni q2 02

Во основната варијанта кросоверот ќе биде достапен во 3 бои – црна, бела и жолта, а како опција се достапни уште 7, од кои два се металик. Цената им варира помеѓу 620 и 2400 евра. Во дополнителната опрема се вклучени бандажи со големина од 17-19 инчи, „LED“ светла, различни помошни системи и асистенти за безбедност, како и разновидни материјали во кабината.

За сума од 26.750 евра клиентот добива бензинска верзија со рачен менувач. Дизелот стартува од 27.700 евра. Продажбата во Европа стартуваат во текот на есента, но на некои пазари компактниот кросовер ќе биде достапен само во почетокот на 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП