29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗастава Автомобили во стечај

Застава Автомобили во стечај

zastava 3535

Компанијата од Србија – Застава Автомобили АД од вчера е во стечај. Причина за тоа е презадолженоста и затоа што сметката и е 701 ден во блокада, а приближно 300 поранешни работници бараат да им се исплатат засостанатите плати од вкупно 120 милиони динари (околу милион евра).

Стопанскиот суд во Крагуевац за оваа компанија отвори стечај на предлот на Министерството за економија на Србија, поради што Застава Автомобили имаат негативен капитал од над 410 милиони евра, пренсуваат локалните медиуми и агенции.

Поранешните работници бараат одложување на стечајот додека не се провери целиот имот на компанијата, тврдејќи дека тој е значително поголем од прикажаниот.

Работниците побаруваат заостанати плати од 1997-ма до 2001-ва година.

Моментално фабриката има тројца работници, а во 1989-та година имало 13.500, кога се произведувале 220.000 возила.

Во меѓувреме недвижностите и опремата на Застава автомобили премина како удел на Србија во новосоздадената компанијата Фијат-Србија (денешната компанија Фиат Крајслер Автомобили Србија), додека долговите и прекубројните работници и остана на Застава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП