25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilips Lighting со раст на профитот во деби извештајот

Philips Lighting со раст на профитот во деби извештајот

becuri

„Philips Lighting“ објави раст на профитот за вториот квартал од 16%, откако најголемиот производител на осветлување во светот ја интензивирал продажбата на „LED“ светилки, соопштува „Bloomberg“.

Приспособениот профит пред каматите, даноците и амортизацијата се зголемил до 161 милиони евра, изјави компанијата во деби извештајот. Продажбата се намалила за 6,2% до 1,7 милијарди евра, што е малку под прогнозата за 1,83 милијарди евра на аналитичарите.

Профитот е првиот за „Philips Lighting“ како самостојна компанија, откако се оддели од „Royal Philips“, компанијата мајка која го пренасочува фокусот кон здравството. Поделбата на акциите се случи поради фактот дека потрошувачите се почесто ги заменуваат традиционалните светилки со енергетски ефикасни и долготрајни „LED“ диоди. За време на транзицијата „Philips Lighting“ се соочува со се поголема конкуренција од азиските производители на технологијата, како и со пад на цените.

Продажбата на „LED“ производи се зголемиле за 25% во последниот квартал и сега формираат над половина од приходите од осветлување на компанијата, се наведува во изјавата.

„„Philips Lighting“ покажува задоволителна изведба, водејќи сметка седмиот по ред квартал на подобрувачка оперативна профитабилност и слободен готовински тек во вториот квартал“, рече извршниот директор Ерик Рондолат.

Акциите на „Philips Lighting“ поскапеле за 10% до 21,93 евра. „Royal Philips“ задржи 71% од акциите во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП