29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHerbalife призна дека ги мамела луѓето и мора да плати 200 милиони...

Herbalife призна дека ги мамела луѓето и мора да плати 200 милиони долари

Herbalife

Herbalife мора да плати 200 милиони долари и да го промени бизнис моделот. Тоа е договорот на кој компанијата се согласи, како би го избегнала судскиот процес за тврдењата на Американската федерална регулаторна агенција, која ја обвини Herbalife за измама на луѓето дека брзо ќе се обогатат продавајки ги нивните производи(протеински шејкови, чаеви и разни суплементи во исхраната).

Американските регулатори жестоко го нападнаа бизнис моделот на Herbalife, наведувајки дека компанијата ги терала луѓето да станат дистрибутери на нивните производи заведувајки ги со брошури за раскошни вили, луксузни автомобили и бродови и дека слободно можат да дадат отказ од претходната работа.

-Поголемиот дел од дистрибутерите не зработуваат ништо, или заработуваат многу малку, истакна државната агенција, додавајки дека голем број луѓе изгубија илјадници долари откако Herbalife ги наговори да отворат “клубови за исхрана”, каде луѓето во замена за дневна надокнада можат да испијат протеински шејк или чај.

– Herbalife ќе мора да почнат ферски да работат, со наведување исклучиво на вистински тврдења за тоа колку може да заработат нивните членови и работници, изјави шефот на Федералната комисија за трговија на САД, Едит Рамирез.

Мора да им се надокнади штетата на клиентите и соработниците. “Покрај тоа, мора да им се надоместат трошоците на оние кои поради нив претрпеле загуба”, додаде Рамирез.

Herbalife, која минатата година заработи 4,47 милијарди долари, отфрли голем број на обвиненија од Федералната агенција, но компанијата се согласи за нагодба за да избегне долг и скап судски процес.

Федералната трговска комисија за трговија на САД ја покрена истрагата во 2014 година, кога инвеститорот-милијардер Вилијам Акман ја обвини компанијата дека функционира по принципот на пирамидална шема на измама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП