25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропска енергетска заедница: македонските институции да истражат кои се луѓето што сакаат...

Европска енергетска заедница: македонските институции да истражат кои се луѓето што сакаат да го преземат Макпетрол

kkm

Во писмо испратено до Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкуренцијата, Секретаријатот на Европската енергетска заедница бара од македонските институции одговори на отворените прашања околу обидот за преземање на Макпетрол, објави Телма.

Во писмото од ЕЕЗ се наведува дека со оглед на тоа што Макпетрол заедно со државата е сопственик на компанијата ГАМА, која управува со гасоводната мрежа во земјава, институциите треба да ја истражат сопственичката структура на „Балкан Петролеум“, како и на кипарската „Даволиа“ и компаниите од Британските девствени Острови, „Далиа“ и „Воландес“, од кои потекнува анонимната фирма основана во Британија пред неполни два месеца со капитал од само 1000 фунти.

Европската енергетска заедница бара одговори на неколку клучни прашања:

  • Какви се проценките на институциите за влијанието на преземањето врз безбедноста на снабдувањето со нафтени деривати и гас, како и врз релевантните пазари во Македонија?
  • Дали за ова преземање треба да биде известена и Комисијата за заштита на конкуренцијата, според правилата за контрола на спојувањето на компании?
  • На кој начин Министерството за економија и Регулаторот (Комисијата за енергетика) ќе бидат вклучени во ова преземање?
  • Каква е сопственичката структура на компаниите „Балкан Петролеум“, „Даволиа“, „Далиа“ и „Воландес“?

Во писмото од ЕЕЗ стои дека Заедницата очекува писмен одговор од надлежните институции не подоцна од 1 август.

Откако пред нешто повеќе од еден месец во јавноста се дозна за обидот за преземање на Макпетрол, ниту една државна институција не излезе со став околу овој случај, и покрај бројните информации кои се појавија во јавноста, а кои говорат за сомнителното минато на бизнисмените кои се појавија како претставници на „Балкан Петролеум“. Експертите повеќе пати ги повикаа макеоднските институции, во прв ред Комисијата за хартии од вредност, сериозно и темелно да ги испитаат овие наводи и да не дозволат влез на црн капитал во најголемата македонска нафтена компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП