20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст од 6% во продажбата на Hermes за првите шест месеци

Раст од 6% во продажбата на Hermes за првите шест месеци

hermes 9955

Продажбата на францускиот производител на луксузна стока „Hermes“ се зголемуваат со 6% во првата половина на 2016-та година до 2,4 милијарди евра, соопштува „MarketWatch“.

Растот е помал во споредба со минатата година, кога компанијата забележа скок во приходите со повеќе од 20% во однос на претходната година.

Приходите само во вториот квартал се зголеми за 6,2% до 1,25 милијарди евра. Аналитичарите прогнозираа тие да се во износ од 1,23 милијарди евра.

Семејната компанија објасни дека била погодена од негативните монетарни ефекти во првата половина на годината.

Освен овие ефекти, продажбата се зголеми за 7% во периодот до јуни оваа година.

Производителот на чантите „Birkin“ и „Kelly“ потврди дека ги очекува приходите да нараснат со под 8% при постојаните девизни курсеви во оваа година. Ова се должи на слабеењето на светската економија и геополитичките тензии, кои ги ограничуваат побарувачката на скапи чанти и друга модна стока.

Компанијата ја испрати 2015-та година со раст на профитот од 13%, успевајќи да ги задржи маргините во својата водечка во индустрија, иако растот на приходите е благо забавен во четвртиот квартал. Профитот се зголеми до 973 милиони евра од 859 милиони евра во 2014-та година со 8,1% раст на приходите до 4,84 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП