18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали и на Вас шефот ви создава главоболки?

Дали и на Вас шефот ви создава главоболки?

tbd_072015badboss_15577557_8col

Дали шефот ви задава главоболки на работното место, поради што сте станале несигурни? Не е секогаш се така црно…

Иако критиките и поголемиот обем на работа не биле на пописот на вашите желби, многумина сепак нема да бидат поштедени на работното место. Но пред да поченете да се жалите како шефот/шефицата имаат нешто против вас (иако не ја исклучуваме таа можност), можеби би требале да размислите и за овие неколку работи.

1. Неговата/нејзината работа

Вашата работа помножена со илјада е она како веројатно изгледа неговата/нејзината работа. Штом е на таа позиција, секако има повеќе одговорност од другите, а со тоа и повеќе работа. Многу често забораваме дека и шефовите се само луѓе. Клучниот чекор во намалувањето на чувството на нервоза е: да престанете да губите енергија на пронаоѓањето докази кои ја потврдуваат вашата теза дека сте вие тој кој најмногу работи и дека е тоа така затоа што тој/таа не ве сака. Единствено што можете и треба да контролирате е како да ја завршите таа иста работа. Некако ќе ви се исплати, бидете сигурни.

2. Доверба

Ако вашиот надреден понекогаш ве затрупува со повеќе работа, тоа може да биде и знак дека во вас има најмногу доверба, дека работата ќе биде извршена и тоа квалитетно. Исто така, критиките не мораат да бидат нешто со што ќе се поткопаат вашата работа и труд, туку ќе бидат она што ќе ги подобри. „Многу често не разбираме дека и нашите шефови многу вложиле за да бидат таму каде што се. Секако дека ќе се опкружат со луѓе кои ги сакаат и кои можат да работат и на кои можат да се потпрат, а не со оние кои забушаваат и кукаат“.

3. Бидете свој

Уште еден начин како да ја стабилизирате несигурноста на работното место – бидете она што сте. Кога шефот ќе ве праша за мислење, кажете го она што го мислите, не она што тој сака да го слушне. Нив не име треба некој кој ќе клима со главата, туку некој кој има идеи, бидејќи се знае дека само таквите ги поминуваат сите нивни тестови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП