19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlfa Romeo планира тројно да ја зголеми продажбата

Alfa Romeo планира тројно да ја зголеми продажбата

Alfa-Romeo-Gloria-Concept-by-IED-02-720x423

И покрај силните шпекулации за продажбата на „Alfa Romeо“ на „Volkswagen“, италијанскиот производител ќе остане на претходните планови. Ако се исполнат предвидувањата на шефот на „FIAT“  до 2016-та година продажбата на возилата на овој гигант би требало да се зголеми за трипати или на нешто повеќе од 300.000 единици годишно.

Иако скептиците се сомневаат дека е можно во така краток временски период да дојде до тројно зголемување на продажбата, директорот на „Alfa Romeо“ за Европа, Луис-Карл Вигон е убеден дека тие имаат потенцијал да го достигнат зацртаниот резултат, па дури и да го надминат.

Гледајќи ја ситуацијата од денешна перспектива, кога „Alfa Romeo“ во својата понуда практично има само два модела (MiTo i Giulietta), планот навистина изгледа неостварлив. Сепак Вигон верува дека со новите и свежи модели кои од компанијата веќе подолго време ги најавуваат, како и од офанзивата на американскиот пазар, продажбата на возила значително ќе се зголеми.

„Во следните три години наша стратегија е да се пробиеме на пазари на кои не сме биле присутни во последно време, пред се пазарот во САД“, вели Вигон.

tekst1

„Alfa Romeo“ во 2012-та година на купувачите ширум светот им испорача 101.000 автомобили, но 90 проценти од вкупната продажба е остварена во Европа. Поради тоа за италијанскиот производител од пресудно значење е влезот на нови пазари, но тие повторно се враќаат на првобитниот проблем, а тоа е недостаток на нови модели.

Првиот чекор е направен со освежената гама на автомобили кои беа претставени во Женева, кога беше претставен и моделот „Alfa 4C“. Сепак со оглед дека станува збор за скап автомобил и кој ќе биде произведен во само 1000 примероци, „Alfa“ ќе мора да им понуди на купувачите прифатливи модели кои ќе се изработуваат во поголеми количини.

Еден од најважните модели во следниот период ќе биде „Giulia“ и тоа во седан и караван верзија. „Alfa“ планира овој автомобили да чини третина од сите продадени возила во 2016-та година или околу 100.000 единици. Покрај овој модел на пазарот ќе се појави и СУВ со средна големина, за кој во компанијата сметаат дека ќе привлече околу 40.000 купувачи годишно.

tekst2

Третиот модел кој би ја зголемил продажбата на „Alfа“ во 2016-та година за уште 30.000 единици е луксузната премиум лимузина која е заснована на „Maserati Ghibli“. Уште еден автомобил кој засега е само на хартија, а кој се очекува да излезе во продажба од 2015-та година е роудстер кој „Alfa“ ќе го развива заедно со „Mazdа“. Во „Alfа“ сметаат дека овој спортски двосед би можел да им донесе на годишно ниво околу 25.000 купувачи.

Покрај зацртаната продажба од 90.000 возила од моделот „Giulietta“ и 50.000 примероци на моделот „MiTo“, амбициозниот план на „Alfа“ за 2016-та година надмина 300.000 продадени автомобили годишно.

На хартија овие бројки убаво изгледаат, но ако во „Alfа“ продолжат со доцнењето на презентациите на новите модели, од овие планови нема да биде ништо и повторно ќе се вратат на старата приказна за продажбата на оваа италијанска марка на „Volkswagen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП