24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA гради „еко-кварт“ тежок 100 милиони евра

IKEA гради „еко-кварт“ тежок 100 милиони евра

ikea2

Шведскиот производител на мебел „Ikea“, ќе инвстира околу 100 милиони евра во изградбата на деловен центар на Азурниот брег, на периферијата на Ница, на 40.000 метри квадратни, кој освен продавници и деловни објекти ќе поседува и 200 станови, пренесуваат странските медиуми.

Првиот центар на „Ikea“ од ваков вид, во кој ќе се вработат 350 лица, ќе преставува одржлив еко-кварт, така што паркингот ќе биде сместен под земја, а на кровот ќе има вегетација.

Овој објект нема воопшто да потсетува на досегашните деловни центри на „Ikea“, кои беа изградени во ист стил, односно со плаво жолти ѕидови и паркиралишта на отворен простор.

Отварањето на еко-квартот, „made in Ikea“ е планирано за крајот на 2016 година. Компанијата проценува дека во оваа зона може да се смета на 1.2 милиони потенцијални потрошувачи, вклучувајќи ги и Италијанците. „Ikea“ е достапна на пазарот во Франција веќе 30 години и поседува 29 продавници, како и фабрика за дрвени-табли во Франш-Комте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП