25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие совети за работа никогаш не ги слушајте!

Овие совети за работа никогаш не ги слушајте!

800184438578b9537ec00e688072518_w640

Веројатно барем еднаш сте го слушнале ова – „следи ги своите соништа и тие ќе се остварат“, но ова е веројатно еден од најлошите совети кои можете да ги добиете.

Сите сакаат да даваат совети, меѓутоа кога станува збор за вашата кариера бидете внимателни и не примајте совети од било кој. Бизнис инсајдер спроведе истражување и ги замоли своите читатели да им кажат кои се најлошите деловни совети кои ги добиле во текот на кариерата.

Ова се совети кои на никого не му помогнале, а ако некој некогаш ви ги каже – игнорирајте го.

„Не прифаќајте зголемување“

Морате да признаете, овој совет сам по себе не звучи логично, но Треј Талеј вели дека му го дал професор по макроекономија.

„Следи ги своите соништа и се ќе ти се оствари“

Лага, лага, лага, да беше волку лесно сите ќе бевме успешни.

„Прифати ја работата поради искуството“

Доколку сакате да напредувате во кариерата, а прифаќате работи места кои не се вклопуваат во вашиот долгорочен план – нема да успеете, тоа не е најдобрата тактика.

„Жена си, мора да носиш здолниште“

Овој совет е далеку од вистината…

„Остани до пензија во истата компанија“

Ваквиот модел на кариера денес е мртов. Доколку сакате повеќе пари, пронајдете повеќе прилики.

„Проблемите сами ќе се решат“

Ова никогаш нема да се случи!

„Не ти треба искуство доколку имаш диплома“

Компаниите бараат работиници кои ќе докажат дека тоа што го научиле знаат и да го работат.

„Работи прекувремено“

Доколку ова ви стане пракса, постојано ќе бидете исцрпени и помалку продуктивни.

„Работи се што ќе ти нареди шефот“

Взаемното почитување мора да постои, но никогаш немој да бидеш марионета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП