Со воведувањето на седум и осум степената трансмисија се промени начинот со кој возачите управуваа со своите автомобили. Сега се појавија информации дека компаниите ГМ и Форд работат на развој на автоматска трансмисија со девет и десет степени на пренос.
Двете компании го најавија развојот на менувачите со девет и десет степени на пренос на сите возила од сите класи со преден и заден погон. Заедничкиот развој би требало да ги намали трошоците за тестирања и развој. Оваа соработка е продолжение на претходната која беше фокусирана на развој на шестостепената автоматска трансмисија.
Трансмисијата со осум и девет степени на пренос им овозможува на инженерите да ги оптимизираат своите мотори за помали секции и бројот на вртежи кои би можеле да осцилираат околу оптималната точка на ефикасност на моторот.