29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските власти прогнозираат стабилизирање на рубљата во второто полугодие

Руските власти прогнозираат стабилизирање на рубљата во второто полугодие

dolar rublja39

Стабилизирањето на рубљата ќе продолжи во второто полугодие благодарение и на светската конјунктура, така и на интересот кон руската валута, прогнозира руското Министерство за економија.

Се очекува годишниот курс да биде 67,2 рубљи за долар. Во првото тримесечје курсот беше 74,7 рубљи за долар, а во вториот – 65,9 рубљи за долар.

На руската валута влијаеше и резултатот од референдумот во Британија. Обновата на интересот за ризични средства во последната недела ја покажа поддршката и на рубљата, сметаат од министерството.

Вчера руската рубља поскапе во однос на главните светски валути. Така курсот во однос на еврото се намали под 70 рубли за прв пат по седум месеци, a овој однос на доларот се намали под 63 рубли за прв пат од средината на април оваа година.

Поскапувањето на рубљата во четвртокот се должеше и на зголемените цени на нафтата, кои ден претходно запишаа падови од околу 5%.

Аналитичарот Искандер Луцко од „Sberbank CIB“ изразува сомневање дека во второто полугодие курсот на рубљата ќе достигне 60 рубљи за долар. Според него на крајот на третиот квартал нивото ќе се стабилизира на ниво од 65 рубљи за долар по цена на нафтата сорта Брент од 50 долари за барел.

Во јуни експертот од „Алфа банк“, Алан Казиев посочи дека периодот на стабилност кај рубљата завршува. Тој не исклучува поевтинување до 74,9 рубљи за долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП