20 април, 2024
ПочетнаКОЛУМНИTip of the week: Исчекување

Tip of the week: Исчекување

Untitled-1

Имам чувство дека веќе подолго време, да не кажам цел мој живот, сме во некое исчекување. Кај и да се свртиш, или нешто очекуваме, или чекаме, или сме во исчекување.

Се сеќавам, кога го започнавме бизнисот, со еден наш партнер учествуваме на еден тендер каде што ги поднесовме сите документи. Веднаш потоа дојде моментот на чекање. Да бидам искрен, мислев дека нема да имам проблем со моментот на чекање додека да излезат резултатите, но целата процедура траеше предолго, и тогаш нашиот партнер ми рече: сега сме во најглупавата фаза: ИСЧЕКУВАЊЕ.

Проблемот со оваа фаза е што најчесто не зависи од вас, но тука не значи дека животот треба да замре или да запре. Секако, оваа фаза знае да направи проблеми во секојдневието, но мора да се прилагодите.

 

Како полесно да ја пребродите оваа фаза:

  • Планирајте однапред – работите, како онаа мојана погоре, можете и треба да ги планирате. Не смеете да имате застој во работата само затоа што чекате некоја одлука.
  • Мониторинг – постојано следење на работата за која сте во некое исчекување, но да се дава фокус на таа работа.
  • Алтернативи – додека сте во исчекување, барајте алтернативи. Мора да имате секогаш и план Б.
  • Адаптација – пробајте да се адаптирате на новонастанатата ситуација. Направете ревизија на претходно направените планови и направете промени таму каде што можете.
  • Позитивно размислување – иако е најтешката фаза, сепак гледајте да бидете позитивни во очекувањата. Бидете подготвени и за најлошото, но сепак, нека ви преовладува позитивниот дух.
  • Фокус – немојте да дозволите долгото исчекување да ви го одвлекува вниманието и да бидете дефокусирани.
  • Дајте сè од себе – сè додека не дојдете до моментот на исчекување, дајте максимум од себе. Тоа само уште повеќе може да ве доведе во ситуација да очекувате позитивна разврска на работите.
  • Прифаќање – едноставно прифатете го моментот на исчекување и ќе ви биде полесно. Доколку можете да влијаете на намалување на неговото време, тогаш направете нешто, во спротивно прифатете го.
  • Возбуда – исчекувањето може да биде и возбудливо, ако знаете како да си го направите. Не за џабе е и оваа изјава:

 

„Самата помисла на исчекување, го прави истото повозбудливо”
― Andy Warhol

 

Едноставно, фазата на исчекување е дел од животот (службен и приватен) кој на сите нас ни се има случено и ќе ни се случи. Разбирањето и прифаќањето на овој период нè прави само поефикасни во извршување на другите задачи. Немојте да дозволите овој период да ви влијае на вашето секојдневие.

 

Со успех во промените,

 

Калин Бабушку

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП