28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИ5-дневна диета со ананас

5-дневна диета со ананас

jena-ananas-(2)-108457-500x334

Ананасот е вкусен плод со малку калории. Тоа го прави идеален за диета и за прочистување на организмот. Ви нудиме лесна 5-дневна диета со ананас, која го подобрува варењето и со која ќе намалите 2-3 килограми.

Ананасот го содржи ензимот бромелин, познат уште како фитнес ензим. Со негова помош телото успева да ги согори мастите побрзо, а во исто време го зајакнува и имунолошкиот систем.

Многу диетолози препорачуваат по секој оброк да се јаде свеж ананас, за да се забрза согорувањето на мастите.

Избирајте зрели, но не презреани парчиња, за да го земате максимално количество бормелин.

5-дневната диета со ананас е лесна за почитување. Таа не вклучува многу храна. Единствениот недостаток на 5-дневната диета со ананас е тоа што нема појадок. Ако сте многу гладни, можете да се напиете чаша нискомаслен или обезмастен јогурт. Суво овошје или сурови ореви се исто така погоден избор со малку калории.

Пример мени на 5-дневната диета со ананас

 

Ден 1

Ручек: 1 чаша варен ориз, зачинет со кари или други зачини

Вечера: 2 печени компири, 1 чинија ананас, 1 чаша нискомаслен јогурт

 

Ден 2

Ручек: Пилешко филе на скара, гарнирано со ананас и спанаќ

Вечера: салата од ракчиња, зелен лиснат зеленчук, целер и краставица

 

Ден 3

Ручек: Салата со ананас, свеж бибер и домати

Вечера: 100 гр. рибно филе на скара, 1 парче интегрален леб, 1 чинија ананас

 

Ден 4

Ручек: салата со пилешко филе и ананас

Вечера: 1 чинија крем супа од целер, 1 чинија ананас

 

Ден 5

Ручек: 1 чаша нискомаслен јогурт и 2 пржени лепчиња

Вечера: 1 чинија варен ориз и 1 чинија ананас

 

Дозволени и забранети пијалоци

За време на диетата со ананас, како и кај секој режим на исхрана, не треба да пиете газирани пијалоци. Добро е да го избегнувате кафето. Ако ви е тешко да се откажете од него, пијте го без шеќер, млеко или крем. Препорачани се зелените и црни чаеви, повторно без засладувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП