25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложена еврообврзицата од 650 милиони евра

Одложена еврообврзицата од 650 милиони евра

Viele Euro Geldscheine

Македонија ја одложи седумгодишната еврообврзница откако опозициската партија СДСМ ја доведе во прашање легитимноста.

Според агенцијата Ројтерс, издавањето било одложено откако во писмо од 14 јули испратено од СДСМ се вели дека задолжувањата немаат правна основа. Македонија, во четврток, излезе на меѓународниот финансиски пазар да бара максимален заем од 650 милиони евра со рок на отплата од седум години и камата од 5%.

Владата, од своја страна, тврди дека кореспонденцијата е политички мотивирана, и дека не постојат легални основи за оспорување на задолжувањето.

„Имаше голем интерес кај инвеститорите токму за оваа обврзница, но поради деструкцијата на опозицијата процесот на нејзиното издавање е одложен. Сепак издавањето ќе се одржи, но репутацијата на државата е доведена во прашање“, вели вицепремиерот Владимир Пешевски во изјава за Канал 5.

Премиерот Емил Димитриев, вчера, потврди дека овие пари ќе бидат наменети за исплата на плати, пензии и социјална помош.

„Ова што го правиме во моментов е апсолутно во прилог да имаме економска ликвидност, да имаме навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери, бидејќи оваа сума гарантира една подолгорчна макро – финансиска стабилност на државата“, изјави Димитриев.

Одлуката за издавање на еврообрзница беше објавена во Службен весник минатата недела, а во четврток, еврообрзницата беше понудена на странските берзи, со рочност од седум години и камата од околу пет проценти. Со емисијата на еврообврзницата требаше да управуваат Сити банк, Дојче банк, Ерсте и Сосиете Женерал. Одлуката за издавање на новата евробврзница предизвика бурни реакции во јавноста.

Дел од економистите, бизнисмените, неваладините организации и опозициските партии алармираа дека ова задолжување ќе биде погубно за македонската економија и за идните генерации.

Инаку ова е втор пат под притисок на опозициската СДСМ, да се промени првичниот план на Владата за издавање на еврообрзница. Лани под притисок на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов сумата тогашната еврообрзница, беше намалена од 500 милиони евра на 270 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП