20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАнтески: Соларната бура нема влијание на трансформаторите на „Раде Кончар“

Антески: Соларната бура нема влијание на трансформаторите на „Раде Кончар“

anteski

Директорот на „Раде Кончар“ Аце Антески не очекува највената соларна бура во мај годинава да предизвика проблеми со трансформаторите кои ги произведуваат.

– Нашите трансформатори се целосно заштитени. Имаат комплетна заштита, како прекуструјна, така и пренапонска и од загревање, така што не очекувам соларната бура да предизвика какви било проблеми, изјави Антески, одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Нагаласи дека во првиот квартал од годинава не очекува некои поголеми и позитивни промени во македонската економија, а подобри резултати во Раде Кончар, додаде, очекуваат во вториот квартал од годинава.

– Во вториот квартал се надзираат добри економски показатели, поради позитивните ветришта кои доаѓаат од Србија и регионот. Тие даваат надеж дека планираниот економски раст за годинава ќе се оствари, изјави Антески.

Тој посочи дека Раде Кончар има веќе парафирани договори за работа со Црна Гора, Србија, Косово и ЕВН Македонија.

– Тоа значи дека имаме нарачки кои ветуваат дека вториот квартал ќе биде подобар како за нашето работење, така и за македонската економија, рече Антески.

Посочи дека не се предвидуваат отпуштања од работа во Раде Кончар бидејќи, додаде, Раде Кончар Сервис има склучено договори за работа до крајот на годинава, а Раде Кончар ТЕП и до средината на наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП