29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM е сопственик на најголем број на патенти за 2012 година

IBM е сопственик на најголем број на патенти за 2012 година

ibm1

Аналитичката куќа „Fairview Research“ ја објави анализата „IFI Claims Patent Services“, за доделените патенти во САД во текот на 2012 година.

Во текот на последните 20 години, вклучувајќи ја и 2012 година, првото место го завзема „IBM“, која минатата година го постигна рекордот со 6.478 добиени патенти. Од вкупниот број, 200 патенти се однесуваат на безбедносната технологија, на која „IBM“ во последно време и придава голема важност.

На второ место е јужнокорејскиот гигант „Samsung“, со 5.081 добиени патенти, а на топ пет листата продолжуваат „Canon“ со 3.174, „Sony“ со 3.032 и „Panasonic“ со 2.769 добиени патенти во минатата година. „Google“ и „Apple“ се на 21 и 22 место со по 1.151 и 1.136 патенти. „Google“ бележи 170 процентен раст во однос на 2011 година, а „Apple“ има 68 проценти повеќе патенти од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП