24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј официјално стана британска премиерка

Тереза Меј официјално стана британска премиерка

тереза-меј

Новата челничка на владејачката Конзервативна партија, Тереза Меј, во средата попладнето официјално е именувана за премиер на Велика Британија, откако во Бакингемската палата кралицата Елизабета Втора ја задолжи да ја формира новата влада, а ќе има тешка задача да го спроведе излегувањето Обединетото Кралство од Европската унија, за што Британците се изјаснија на референдумот од 23-ти јуни.

Ауденцијата во Бакингемскиот дворец се одржа веднаш откако кралицата Елизабета Втора ја прифати оставката на досегашниот премиер Дејвид Камерон, ветена во текот на кампањата за референдумот, на кој тој се залагаше за останување во ЕУ.

Меѓу заминувањето од дворецот на Камерон со семејството и пристигнувањето на Тереза и Филип Меј, минале само 26 секунди, забележаа прецизните британски медиуми.

Церемонијата на именувањето на премиер е прилично едноставна: кралицата го прашува кандидатот дали се согласува да формира влада. По потврдниот одговор, премиерот се смета за назначен.

По своето назначување на должноста, 59-годишната Тереза Меј, досегашна министерка за внатрешни работи, изјави дека ќе го продолжи курсот на нејзиниот претходник и сопартиец Дејвид Камерон, во настојувањата за обединување на земјата и востановување на социјалната справедливост.

„Сега сме во една етапа, настапуваат времињата на големите национални промени. Но, затоа што сме Велика Британија, ние ќе го прифатиме предизвикот. И ќе направиме држава која ќе биде за сите. Тоа ќе биде мисијата на владата којашто ќе ја водам. Ние ќе изградиме подобра Британија“, изјави Меј во својот прв настап на новата должност.

Од Бакингемскиот дворец Меј веднаш по Камерон пристигнала на Даунинг стрит, каде што се одржува предавањето на клучевите од резиденцијата и „нуклеарниот куфер“. Во продолжение на церемонијата, Меј ќе се сретне со високите државни функционери, како секретарот на кабинетот на министри, сер Џереми Хејворд. Потоа ја очекуваат детални брифинзи од сферата на националната безбедност и одбраната.

За време на брифингот, премиерката треба да потпише писмо до командантите на четирите нуклеарни подморници од класата „Trident“, со инструкции за дејствување во случај на нуклеарен напад врз Велика Британија/

Покрај тоа, новата премиерка треба да назначи двајца заменици за нуклеарните прашања, кои носат одлука во случат таа од кои и да е причини самата да не може да го стори тоа.

Тереза Меј е тринаесеттиот британски премиер во ерата на кралицата Елизабета Втора, и втора жена во историја на Велика Британија, по „Челичната леди“ односно Маргарет Тачер, која исто така како челник од 1975 година на Конзервативната партија ја водеше британската влада во периодот од 4-ти мај 1979 д 28-ми ноември 1990 година.

Како министерка за внатрешни работи Тереза Меј се залагаше за зачувување на членството на Велика Британија во ЕУ, но е позната и како заговорник на ограничување на имиграцијата, како и за протерување од земјата на радикали и лица вклучени во терористички активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП