19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон заминува од функцијата, Тереза Меј е новиот британски премиер

Камерон заминува од функцијата, Тереза Меј е новиот британски премиер

kameron mej 33

Британскиот премиер Дејвид Камерон во среда ја напушта функцијата, а на неговото место ќе дојде досегашната министерка за внатрешни работи Тереза Меј, пренесува AFP.

Камерон во среда ќе ја одржи својата последна седница во британскиот Парламент, на која ќе одговара на пратенички прашања, а потоа својата оставка ќе и ја предаде на кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата.

Кралицата потоа ќе ја повика Тереза Меј да формира влада, а набрзо после ова се очекува новоименуваниот британски премиер да се обрати до јавноста, од својата нова резиденција во Даунинг стрит број 10.

Лидерите на Европската унија побарале од владата во Лондон брзо да ги започне преговорите за новите односи со ЕУ, но Меј укажала дека нема да брза за да ја започне официјалната процедура за излегувањето од 28-члениот блок.

Наследничката на Камерон, 59-годишната Меј ќе стане втора жена премиер на Велика Британија, по легендарната Маргарет Тачер, така што ќе мора да се обиде да ги преброди поделбите во владејачката Конзервативна партија и да се соочи со можната економска криза.

Помеѓу другите големи задачи со кои ќе се соочи Тереза Меј се обидите да ја спречи проевропски настроената Шкотска да одржи нов референдум за независност, така што на тој начин би можела да остане во ЕУ, како и создавањето на нови трговски и дипломатски врски потребни за периодот после Brexit.

Меј за време на кампањата во пресрет на референдумот за членството во ЕУ поддржуваше останување во Унијата, заедно со Камерон, а сега ќе мора да ги убеди поддржувачите на Brexit дека ќе го реализира исходот од референдумот и дека како што беше ветено, Британија ќе излезе од Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП