20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW MZ8 - концепт во знакот на број 8

BMW MZ8 – концепт во знакот на број 8

BMW-MZ8-1

Двата можеби најпрепознатливи спортски модели кои во изминатиот четврт век излегоа од производните ленти на „BMW“ со сигурност се Серија 8 и Z8.

Серија 8 се произведуваше од 1989-та до 1999-та година, додека Z8 чиј дизајн беше дело на Хенрик Фискер се произведуваше од 1999-та до 2003-та година.

BMW-MZ8-2

Токму овие два модела беа инспирација на францускиот дизајнер, Криштоф Журдуи да направи спортски автомобил со знакот на минхенската компанија кој ќе ги има името MZ8.

Според неговите зборови MZ8 ќе ги одбележи четирите децении на мотоспорт дивизијата на оваа германска компанија.

BMW-MZ8-3

За жал францускиот дизајнер не нуди премногу детали за MZ8. Освен агресивниот изглед на предниот дел и интересната интерпретација на заштитната маска на „BMW“, се чини дека MZ8 ќе биде со мотор кој ќе биде поставен на средината со што ќе се разликува од Серија 8 и Z8 кои имаа мотори поставени на предната страна од автомобилот.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП