20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M: Пад на продажбата за 12 %

H&M: Пад на продажбата за 12 %

obleka2

Вториот по големина светски трговски ланец за облека, шведската компанија „H&M“ во март оваа година, шест месеци по ред, бележи намалување на продажбата.

Падот на продажбата изнесуваше 12 проценти на годишно ниво, додека аналитичарите предвидуваа намалување од 11,2 проценти, пренесува францускиот магазин Капитал.

Компанијата во соопштението наведе дека снегот и екстремниот студ, особено во Европа и Северна Америка, негативно влијаеле на прометот, додека временските услови во март 2012 година биле повеќе поволни, кога беше остварено зголемување на продажбата од 26 проценти на годишно ниво.

Лошите временски услови неповолно се одразија особено на продажбата на колекцијата за сезона пролет-лето 2013 година, додаваат во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП