24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговори со потенцијалните купувачи на еврообврзницата

Преговори со потенцијалните купувачи на еврообврзницата

vlada_zgrada_nova_10

Претставници на Министерството за финансии од понеделникот неофицијално ги започнаa средбите со потенцијалните вложувачи од Европа и САД, во врска со купувањето на последната емитувана еврообврзница во најголем износ досега од 650 милиони евра, со рок на доспевање од десет години.

Каматата која ќе се плаќа многу ќе зависи од интересот на странските вложувачи кои ќе ги пресметуваат и потенцијалните ризици кога ќе ја перципираат македонската економија, преку растот, дефицитот, но и сé уште актуелната политичка криза. Аналитичарите сметаат дека е најважно дали ќе се успее во целост да се соберат планираните средства, бидејќи тоа ќе влијае на кредитниот рејтинг на земјава.

За бизнисмените, пак, еврообврзницата ќе ја исполни својата улога само ако парите завршат во стопанството. Според нив, на компаниите итно им е потребна финансиска инјекција за да го испорачаат посакуваниот раст.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија се скептици дека овие пари ќе завршат во стопанството. Велат дека претходните задолжувања биле искористени за обезбедување на социјален мир, а не за развојни проекти.

Домашните експерти велат дека оваа еврообврзница ја турка земјата во ризици, бидејќи поради високото ниво на задолженост, вложувачите би биле претпазливи, а македонската економија ќе мора постојано за да ги отплаќа обврските

Емисијата на оваа еврообврзница предизвика негодување и кај проопозицските граѓански здруженија, кои започнаа и со собирање петиција и протест во понеделникот пред Министерството за финансии против новото задолжување на државата, барајќи да Владата да објасни за што ќе бидат трошени вака добиените парти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП