20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Суташ“ и „Пекабеско“ потпишаа договор за соработка

„Суташ“ и „Пекабеско“ потпишаа договор за соработка

sutas

„Суташ“, новиот сопственик на „Сведмилк“, следните пет години ќе ги користи дистрибутивните услуги на „Пекабеско“ во Македонија. Ова е предвидено со договорот за соработка што го потпишаа двете компании.

– Задоволни сме од постигнатиот договор, како и од довербата која најголемата турска млекара „Суташ“ ја има кон нашата компанија. Уште еднаш покажавме дека сме водечки бренд не само во месната и сувомесна индустрија, туку и во дистрибутивната и логистичката дејност во Македонија. Балканска млекара е најновата во низата на регионални и светски компании и брендови кои ги користат дистрибутивно – логистичките услуги на нашата компанија и ни ја даваат својата доверба, вели првиот извршен директор на „Пекабеско“ Слободан Кутревски.

Како што неодамна најави генералниот менаџер на „Суташ“ за Македонија Али Мусвик Созер, Балканска млекара ќе почне со работа идниот месец. Капацитетот е 180 тони млеко дневно, а досегашната инвестиција во земјава од 10 милиони евра  обезбеди 50 нови вработувања. Компанијата најавува дополнителна инвестиција од 5 милиони евра до крајот на годината, а бројот на вработувањата да достигне до 200.

„Пекабеско“ располага со дистрибутивна мрежа која се состои од преку 40 возила и над 50 вработени само во дистрибутивно логистичкиот сектор. Компанијата располага и со 4.000 метри квадратни складишен простор и магацини. Секојдневно дистрибуира преку 270 различни производи во десетици домашни и меѓународни компании.

„Суташ“ е седум години водечки бренд во турската млечна индустрија. Вработува 4.000 лица, а има 750 милиони литри производство и 69 производи во шест категории. Минатата година ја купи „Сведмилк“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП