23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарите во финалето на Европската лига

Одбојкарите во финалето на Европската лига

odbojkari

Одбојкарската репрезентација на Македонија, која се натпреварува во Европската лига, слично како и минатата година, избори пласман во финалето на завршниот турнир кој се игра во Варна, Бугарија.

Македонските одбојкари во првото полуфинале на завршниот турнир, во пет сета ја совладаа Австрија 25-23, 23-25, 17-25, 25-19, 15-13.

„Моите играчи и денеска покажаа дека чуда се случуваат. Ова е наша седма победа по ред. Ова е фантастичен успех за овој наш млад тим. Јас сум горд на моите играчи. За нас ова е второ финале по ред во Европската лига, за македонската одбојка ова е фантастичен резултат“, изјавил селекторот Жарко Ристоски.

Противник на Македонија во финалниот меч ќе биде репрезентацијата на Естонија, која во второто полуфинале ја совлада Бугарија со 3-2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП