29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДел Потро се врати и го елиминира Вавринка

Дел Потро се врати и го елиминира Вавринка

дел-потро

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро триумфално се врaти на терените на Вимблдон, откако во второто коло го елиминира четвртиот носител Стан Вавринка.

Дел Потро, кој во моментов е 165-ти на АТП листата, одигра одличен меч против Швајцарецот и победи во четири сета 3-6, 6-3, 7-6, 6-3.

Аргентинецот, кој во кариерата има една грен слем титула, поради повреда на зглобот на десната рака, во изминатите три години пропушти 80 отсто од мечевите. Настапот на Вимблдон е неговиот прв настап на грен слем турнир уште од 2014 година.

Победата над Вавринкa е прва негова против играчите од Топ 5 уште од Мастерсот во Шангај во 2013 година, кога славеше против Рафа Надал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП